Saturday, April 23, 2016

ФК Победа

Клубот е формиран во 1941 година.Најпрво под името "Гоце Делчев" за подоцна да го промени во денешното име "Победа" кое го носеше до распаѓањето.Во поранешната СФРЈ шест пати е првак на Македонија и тоа во сезоните 1956/59,1961/62,1962/63,1978/79,1980/81 и 1985/86 со тоа освојуваќи најмногу шампионски титули во тогашната Републичка лига.Никогаш не успева да влезе во најквалитетната прва лига иако на неколку пати е на чекор од неа.Клубот наследник кој превзема трофеите и историјата беше основан во 2010 година под името "Викторија", пооцна сменето во Победа Јуниор Сепак, тие не се сметаат за наследници на оригиналната Победа,и резултатите на двата клуба се запишуваат посебно од ФФМ.Во Периодот од 1997 година па се до натпреварувачката 2007 година.Победа одиграла 34 меѓународни натпревари и тоа во: Куп на шампионите УЕФА,Интереното куп и Лига на шампионите.Поради лажирање на натпреварот со Пјуник од Еремнија во рамките на Купор на шампионите,одигран во 2004.

Саат кула во Прилеп

Саат кулата е изградена во центарот на Старата чаршија со 1858 годинана местото на постара дрвена Саат кула,која што изгорела во пожар, што ја зафатил целата Стара чаршија во 1854 година.Ја изградиле познатите прилепски мајстори, Коста Лауц и Ристе Тацламиче.Кулата е градена на шестоаголна основа со масивни делкани камени блокови во висина од 20,50 метри и скелетен систем од дрвена конструкција.Вкупната висина на објектот е 38,76 м.Интересен податко за Саат кулата во Прилеп е то што таа има инклинација од 114,4 см.Под саат кулата се наоѓа Градска чешма.Според мермерната плоча која е вградена во неатаа е изградена во 1826 година,најверојатно кога постоела и дрвената кула. чешмата ја подигнал Саид Ага во 1826 година,а ја обновил Есад Ага во 1836 година а последната поправка на чешмата била извршена во 1896 година.Во однос на материјалот од којшто е изградена кулата и во однос на коннструктивниот систем,Саат кулата е поделена на два дела масивен дел од камен и скелетен дел од дрвена конструкција.Саат кулата во Прилеп е постара за една година од проучениот Биг-Бен часовник во Лондон.Градители биле мајстор Петре Лауцо и неговата тајфа кои ја изградиле кулата на истото место каде што се наоѓала некогашната дрвена саат-кула, опожарена во 1854 година,скелетен систем со дрвена конструкција.За градбата на кулата има голем број легенди и преданија.Според една легенда,занаетчискиот еснаф и градителските тајфи на мајсторите на Лауцови и на Тасламичевци го измамиле битолскиот валија да даде дозвола за градба на Саат-кулата, која требало да биде пониска од џамијата.Со мудро постепено градење,тие ја подигнале повисоко.Според дриго предание,се смета дека кулата вила градена со прилепски гранит,врзуван со вар и илјадници јајца.

Wednesday, April 20, 2016

Маркови Кули



Тврдината Маркови Кули го претставува некогашниот средновековен град на легендарниот владетел Крале Марко, син на кралот Волкашин. Опкружена со стрмни падини покриени со монументални гранитни карпи, некогашната населба се наоѓала на 120 до 180 метри висок рид. Големата тврдина се издигнува над Прилеп, еден од најстарите градови во нашата земја кој бил и главен град на средновековната држава на Марко и Волкашин и место каде може да се почувствува духот на средновековната ера. Прилеп секогаш претставувал упориште на Македонските владетели, град посветен на својата култура и традиција, на своите легенди и херои.Во тврдината се откриени остатоци кои укажуваат постоење на раноантичка населба-Керамија. Во римскиот период оваа мала селска населба се проширила во југозападното подрачје, за што сведочат пронајдените мермерни украси од една ранохристијанска базилика.Населбата била сместена јужно од акрополата, на околу 3,6 хектари. На нејзиниот северен ѕид стои двојна порта, како и голема стражарска куќа, поставена меѓу влезовите.Исто така,на локалитетот Маркови Кули се наоѓа и Слонот,кој на некои им личел и на штрк, кој е составен од две природно споени карпи.Слонот е висок осум метри и од него Прилеп се гледа како на дланка.Постојат и повеќе верувања дека Слонот се користел и во религиозни обреди на предците,а показатели за тоа се околните гробови и видливите остатоци од фрескоживописот,кој е сериозно оштетен,Марковите Кули и населбата Варош со 77 цркви,заедно со природните раритети,се недоволно покажани природни дарови и артефакти со предиспозиција за туристичка дестинација.Камената фигура во облик на слон во подножјето на Маркови Кули е една од најатрактивните во низата карпести природни реткости на комплексот заштитен од државата и претендира да биде заштитена и од УНЕСКО.Висока е повеќе од осум и широка околу пет матри