Саат кулата е изградена во центарот на Старата чаршија со 1858 годинана местото на постара дрвена Саат кула,која што изгорела во пожар, што ја зафатил целата Стара чаршија во 1854 година.Ја изградиле познатите прилепски мајстори, Коста Лауц и Ристе Тацламиче.Кулата е градена на шестоаголна основа со масивни делкани камени блокови во висина од 20,50 метри и скелетен систем од дрвена конструкција.Вкупната висина на објектот е 38,76 м.Интересен податко за Саат кулата во Прилеп е то што таа има инклинација од 114,4 см.Под саат кулата се наоѓа Градска чешма.Според мермерната плоча која е вградена во неатаа е изградена во 1826 година,најверојатно кога постоела и дрвената кула. чешмата ја подигнал Саид Ага во 1826 година,а ја обновил Есад Ага во 1836 година а последната поправка на чешмата била извршена во 1896 година.Во однос на материјалот од којшто е изградена кулата и во однос на коннструктивниот систем,Саат кулата е поделена на два дела масивен дел од камен и скелетен дел од дрвена конструкција.Саат кулата во Прилеп е постара за една година од проучениот Биг-Бен часовник во Лондон.Градители биле мајстор Петре Лауцо и неговата тајфа кои ја изградиле кулата на истото место каде што се наоѓала некогашната дрвена саат-кула, опожарена во 1854 година,скелетен систем со дрвена конструкција.За градбата на кулата има голем број легенди и преданија.Според една легенда,занаетчискиот еснаф и градителските тајфи на мајсторите на Лауцови и на Тасламичевци го измамиле битолскиот валија да даде дозвола за градба на Саат-кулата, која требало да биде пониска од џамијата.Со мудро постепено градење,тие ја подигнале повисоко.Според дриго предание,се смета дека кулата вила градена со прилепски гранит,врзуван со вар и илјадници јајца.
Preubo e
ReplyDelete