Тврдината Маркови Кули го претставува некогашниот средновековен град на легендарниот владетел Крале Марко, син на кралот Волкашин. Опкружена со стрмни падини покриени со монументални гранитни карпи, некогашната населба се наоѓала на 120 до 180 метри висок рид. Големата тврдина се издигнува над Прилеп, еден од најстарите градови во нашата земја кој бил и главен град на средновековната држава на Марко и Волкашин и место каде може да се почувствува духот на средновековната ера. Прилеп секогаш претставувал упориште на Македонските владетели, град посветен на својата култура и традиција, на своите легенди и херои.Во тврдината се откриени остатоци кои укажуваат постоење на раноантичка населба-Керамија. Во римскиот период оваа мала селска населба се проширила во југозападното подрачје, за што сведочат пронајдените мермерни украси од една ранохристијанска базилика.Населбата била сместена јужно од акрополата, на околу 3,6 хектари. На нејзиниот северен ѕид стои двојна порта, како и голема стражарска куќа, поставена меѓу влезовите.Исто така,на локалитетот Маркови Кули се наоѓа и Слонот,кој на некои им личел и на штрк, кој е составен од две природно споени карпи.Слонот е висок осум метри и од него Прилеп се гледа како на дланка.Постојат и повеќе верувања дека Слонот се користел и во религиозни обреди на предците,а показатели за тоа се околните гробови и видливите остатоци од фрескоживописот,кој е сериозно оштетен,Марковите Кули и населбата Варош со 77 цркви,заедно со природните раритети,се недоволно покажани природни дарови и артефакти со предиспозиција за туристичка дестинација.Камената фигура во облик на слон во подножјето на Маркови Кули е една од најатрактивните во низата карпести природни реткости на комплексот заштитен од државата и претендира да биде заштитена и од УНЕСКО.Висока е повеќе од осум и широка околу пет матри
Wednesday, April 20, 2016
Маркови Кули

Subscribe to:
Post Comments (Atom)
mnogu ubavo
ReplyDeleteInteresno :D
ReplyDeleteubavo izraboteno :D
ReplyDelete